Принцот Хари има една желба, а на Меган веќе не и е добро: Ако ја донесе одлуката, цело кралско семејство ќе се крене на нозе

 

Принцот Хари сака да се врати во Лондон, но Меган Маркл не се согласува со неговата желба. Одлуката да го посети својот болен татко го натера Хари да ги промени претходните ставови и сега сака да го подобри односот со својот татко.

Веста за желбата на принцот Хари се појави во текот на викендот. Весникот „Тајмс“ објави дека војводата од Сасекс е подготвен „привремено да се врати на кралските должности“ за да го поддржи својот татко за време на неговата болест. Наводно за ова Хари им кажал на своите пријатели. Според инсајдер, 39-годишниот Хари бил охрабрен одразговорот со кралот Чарлс кога го посети во Лондон, набрзо по објавата дека боледува од рак.

„Откако кралот Чарлс се разболе и се сретна со Хари, односите во кралското семејство се сменија. Сепак, четирите години живот во Америка не го натераа Хари целосно да го заборави семејството и сега сака да поработи на прекинатата врска со својот татко“ – велат извори упатени во односите во британското кралско семејство.

Веќе некое време се шпекулира дека Хари е подготвен да се врати во Лондон, но неговите желби не ги дели Меган, која нема ништо добро да каже за животот на кралскиот двор. Двајцата зборуваа за врската во кралското семејство во нивниот документарен филм и во големото интервју со Опра, но однесувањето на Хари неодамна открива колку е желен да има контакт со својот татко.

И покрај сè што кажа против семејството, тој реагираше на веста дека кралот Чарлс е болен и веднаш замина во Лондон, а сега е подготвен да ги однесе и децата таму, пишуваат медиумите.

Принцот Хари, наводно сакал неговите деца, 4-годишниот Арчи и 2-годишната Лилибет да поминуваат повеќе време во Лондон за да можат да ги запознаат роднините во кралското семејство. Но враќањето на одбегнатиот принц Хари нема да се одвива лесно.

Познато е дека врската меѓу Вилијам и Хари е трајно нарушена и дека постариот брат верува дека помалиот го нарушил угледот на семејството и им задал бројни удари кои не можат да поминат без последици. Сепак принцот Вилијам и Кејт не ги заборавиле децата на Хари и им испраќаат божикни подароци секоја година, а истото го прават и Меган и Хари на нивните деца.

Сепак, кралот Чарлс и принцот Вилијам се на „цврсто мислење“ дека треба да се почитуваат условите на таканаречениот „Самит во Сандрингем“ – средба во 2020 година за одлуката на принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл да се откажаа од кралските должности. Според одлуката на кралицата Елизабета Втора, принцот Хари целосно се откажува од должностите на работен член на кралското семејство и се обврзува да не ја користи својата титула за комерцијални цели.

„Условите на договорот беа многу јасни и ништо што се случи неодамна, вклучително и болеста на кралот, не го промени тоа“ – наведуваат британските медиуми.

20.02.2024 - 22:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега