Пригожин со нова порака до Зеленски: Цел свет ќе трепери

 

Шефот на руската паравоена група „Вагнер“, Евгениј Пригожин со нова видео порака до украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Оваа граница ќе ја освоиме достоинствено. Рускиот министер за одбрана ви кажа дека по заземањето на Бахмут ќе се отвори оперативна област. Светот се уште не се соочил со руската армија, која е добро подготвена, со единици кои сеуште не влегле во битката и кои ги имаат сите можни современи оружја и разузнавачки податоци. Тие се идеално подготвени. Тие го чекаат своето време, веднаш по отворањето на оперативната област ПМЦ Вагнер по Бахмут. Тогаш целиот свет ќе трепери“, порачува Пригожин.

08.03.2023 - 18:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега