При купопродажба на имот подметнал документ за потпис и присвоил 890.000 денари

 


СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И.(33) од Тетово, вработен како референт во банка, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“ и против М.З.(74) од с.Гургурница, општина Брвеница, поради постоење основи на сомнение за кривично дело „помагање“.

На 28.07.2021, при потпишување налог за пренос на финансиски средства, кои требало да бидат префрлени на жиро сметка од С.Е. на В.Т., за купопродажба на недвижен имот, првопријавениот му подметнал на С.Е. да потпише и друг налог на трансакциска сметка на второпријавениот, кој ги примил и присвоил паричните средства во износ од 890.000 денари

13.03.2024 - 16:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега