Претседателот на Северна Македонија во официјална посета на проектот “Суперучилишта“ поддржан од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO)

 

Претседателот на Северна Македонија, г. Стево Пендаровски, го посети Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со пречки во видот „Димитар Влахов“ (ДУРДМОВ) во Скопје, заедно со амбасадорот на Европската Унија, Н.Е. Дејвид Гир и амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Петра Дрекслер, за време на размената со партнерското училиште од Сараево „Центар за слепи и слабовидни деца и младинци“.
Размената е организирана во рамките на “Суперучилишта“, проект на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), која ги поддржува училиштата од Западен Балкан во промовирање на интеркултурно учење и дијалог, мир и градењето мир. Проектот е кофинансиран од Европската Унија и германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ) и заеднички имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) и RYCO.
Претседателот Пендаровски го посети училиштето со цел да ја поддржи инклузивноста и солидарноста преку почитување и прифаќање на различностите.


“Нема порелевантна мерка за карактерот на едно општество од односот кон неговите најранливи членови. Затоа, надлежните институции и граѓанските организации треба систематски да работат на подигање на општествената свест за целосно укинување на сите форми на дискриминација на слепите лица. Унапредувањето на нивните права треба да биде наш заеднички приоритет бидејќи општество во кое има простор за секого има повеќе шанси за успех“, рече претседателот Пендаровски.
Амбасадорот на ЕУ, Н.Е. Дејвид Гир му честиташе на RYCO за организирањето на проектот втора година по ред, не само што продолжува да ги обединува младите од Западен Балкан и помагајќи им да изградат подобра иднина, туку и отиде еден чекор понатаму промовирајќи ја инклузијата.


Овој проект има за цел да ја подигне свеста за потребата да се создадат услови прилагодени на специфичните потреби на секого и нагласување на посебни таленти, наместо да се фокусира на попреченостите и да се искористи максимумот од нивниот талент во корист на сите нив“, рече амбасадорот на ЕУ.
Германската амбасадорка, Н.Е. Петра Дрекслер истакна дека Германија придава големо значење на регионалната соработка, која оди подалеку од политиката.
“Политичката размена никогаш не би била целосна без културна размена и реални средби меѓу младите луѓе кои се вклучуваат во програмата за размена.
 Договорите што ги имате за време на размената може да се претворат во врски и да еволуираат во пријателства. Пријателствата се засноваат на разбирање, меѓусебно почитување и доверба. И ова е тоа што ги прави овие размени толку важни за вашата иднина и благосостојба, но и за иднината и благосостојбата на вашите заедници и општества“, рече амбасадорката Дрекслер.
Почитуваните гости и студенти ги поздрави генералниот секретар на RYCO, г. Алберт Хани, кој специјално им се обрати на студентите од Босна и Херцеговина, посакувајќи им топло добредојде во Скопје.
“RYCO е и ќе биде организација која дава приоритет на инклузивноста, што значи подобри и повеќе можности за сите вас. Сигурен сум дека треба да ги искористите сите можности од RYCO, ЕУ и германската влада. Ние секогаш ќе бидеме ваши пријатели и ќе се стремиме да создадеме подобри можности за сите вас“, истакна Хани.
Размената помеѓу училиштата од Скопје и Сараево има за цел да го олесни вклучувањето на учениците со оштетен вид во Западен Балкан преку активности во музиката, спортот и уметноста специјално прилагодени на нивните потреби. Директорот на ДУРДМОВ, г. Бобан Спасенцовски посочи дека со проекти како “Суперучилишта“, учениците и наставниците можат да ги следат трендовите, обезбедувајќи им на училиштата ЕУ перспектива, повеќе искуство и образование.


“Сакам да ви се заблагодарам на сите што не ги заборавивте нашите училишта и учениците со посебни образовни потреби бидејќи само така можеме заедно да бидеме инклузивно општество“, рече тој.
Покрај официјалните честитки, беше организирана и панел дискусија на тема „Инклузија и можности за младите со пречки во видот во Западен Балкан“ како простор за младите да ги споделат своите перспективи и размислувања за една ваква важна тема. Една од ученичките што го претставуваше училиштето од Сараево, Адна Орасчанин, ја изрази загриженоста што ја имаше пред да започне размената.
“Доаѓаме од различни религии и зборуваме различни јазици. Прво мислев дека ова ќе ни биде пречка да се поврземе, но по првите 10 минути што ги поминав со моите врсници од Скопје, видов дека сме исти млади луѓе со исти соништа и проблеми. Сфатив дека можеме да споделуваме искуства и заеднички практики и да ги примениме во нашите локални заедници“.
Доближувајќи се до крајот на посетата, учесниците на настанот имаа можност да уживаат во прекрасната музичка изведба изведена од суперучениците на размената кои ја прославија различноста преку уметност и музика.
 
16.05.2023 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега