Претрес во Скопје, пронајдени дрога и пари
Денеска (30.11.2023), полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје ги лишиле од слобода Е.Ј.(45), А.Б.(21) и Ф.Б.(26), сите од Скопје.
При претрес во домот на Е.Ј. на подрачјето на Шуто Оризари, извршен со судска наредба, во кој биле затекнати А.Б. и Ф.Б., биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од марихуана, дробилка со остатоци од марихуана и пари во различни валути и апоени.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа