Претрес во Богомила, пронајдени пушки и патрони

 

Во 07.30 часот во село Богомила, велешко, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишиле од слобода Б.Ј.(20) од село Богомила.

При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени ловечка пушка, две воздушни пушки и неколку патрони за ловечка пушка, кои ги поседувал без дозвола.

Известен бил јавен обвинител, а лицето било приведено во полициска станица. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

18.12.2023 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега