Пресврт: ФИФА нема да дозволи минута молчење за Михајловиќ - веќе му била оддадена почит
Последните информации кои стигнуваат од медиумите од нашиот северен сосед велат дека сепак нема да има минута молчење за Синиша Михајловиќ пред почетокот на последните два натпревара од Светското првенство во Катар.
Како што пренесува српски „курир“ и нивниот дописник од Катар, од ФИФА добил одговор дека нема да има минута молчење бидејќи веќе му е оддадена почит на Синиша Михајловиќ во текот на вчерашниот ден.
Оваа информација се уште не е потврдена, па се очекува да се види како ќе почне натпреварот за 3. место кој е закажан во 16 часот, а во кој ќе се сретнат Хрватска и Мароко.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа