Прекини на вода во Скопје: Проблеми со водоводната мрежа


Од ЈП Водовод и канализација – Скопје известуваат дека денеска (вторник), поради дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-150 мм во парк шума Гази Баба, од 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: 16-та Македонска Бригада, Трифун Хаџијанев, Ташко Караџа, Христо Ботев, Јани Лукровски и дел од Бапчор. (Општина Гази Баба)

Поради изведување на водоводен приклучок -80 мм на ул. 9-ти Мај прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици : 9-ти Мај, Христо Смирненски, Петар Попарсов, Костурски Херои, дел од бул. Теодосие Гологанов и Борка Талевски.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности. (Општина Центар)

Најавениот прекин во водоснабдувањето, зa 23.09.2024, односно санацијата на дефект на ул. Франклин Рузвелт 60 , поради технички причини се одложува за 24.09.2024. Прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Франклин Рузвелт и потегот од Орце Николов до бул. Партизански Одреди од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот. (Општина Центар)

24.09.2024 - 09:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега