Прегазен велосипедист на крстосница во Скопје

 


Вчера во 11.50 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од ул.„Горно Лисиче“ и ул.„Ѓорѓи Андреевиќ-Кун“ во Скопје патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Т.(54) од Скопје, удрило во велосипед управуван од В.А.(52) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.А., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Известен бил јавен обвинител и извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

22.03.2025 - 14:37

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега