Прегазен малолетник во Тетово, со тешки повреди пренесен во болница

Вчера во 17.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на ул.„Љубо Божиновски – Пиш“ во Тетово патничко возило „опел вектра“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(33) од Тетово, удрило во малолетен пешак од Тетово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

20.06.2024 - 11:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега