Прегазен малолетник во Крива Паланка - МВР со детали за сообраќајката
Малолетник беше повреден на магистралниот пат А2, обиколница кај Крива Паланка. Пуштен е сообраќајот на овој патен правец, Куманово,- Крива Паланка - граничен премин Деве Баир што кратко беше затворен во двата правци.
Денеска околу 13 часот и 30 минути во Одделение за внатрешни работи Крива Паланка било пријавено дека кај м.в. Виолетов мост, на обиколницата околу Крива Паланка се случила сообраќајна незгода каде патничко моторно возило "тојота" со кривопаланечки регистарски ознаки управувано од М.Т. удрило во малолетно дете. Увидот е во тек, информира портпаролот на СВР Куманово, Ивана Младеновска.
Увидот на екипите на Министерството за внатрешни работи сѐ уште трае.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа