Пред четири години почина Оливер Драгојевиќ
Нема човек кој не ги сакал и знаел неговите песни, а кога Оливер Драгојевиќ на 29 јули 2018 година на 71 година ја загуби битката со карциномот на белите дробови, плачеше Хрватска, но и Балканот.
Годинава се одбележуваат четири години без големиот музичар, легендата на хрватската музичка сцена.
Оливер се прослави во 1995 година со песната „Галеб и јас“ на Сплитскиот фестивал, а потоа ги полнеше салите ширум светот. Во неговите хитови меѓу кои се „Bez tebe”, “Dobar dan”, “Cesarica” и “Trag u beskraju” уживаа многу луѓе, песни кои и денес се пеат.
Тој зад себе ги остави сопругата Весна со која беше 44 години во брак, а со која ги има синовите Дино, Давор и Дамир и пет внуци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа