Пречистителните станици за вода не функционираат - има ли решение за огромниот проблем?
Во најмалку 34 населени места во државата итно се потребни нови пречистителни станици. Дури 17 пречистителни станици во Северна Македонија се комплетно нефункционални.
Отпадните води од домаќинствата и индустријата се сериозен проблем за животната средина, но државата не одвојува средства ниту за модернизирање на постоечките, ниту за изградба на нови пречистителни станици, поради како што велат, недостатокот на средства за инвестиции.
Решение постои во средствата од околу половина милијарда евра за нови пречистителнистаници од меѓународни фондови и ЕУ, но за да се дојде до нив потребно е знаење и капацитет на институциите за изработка и управување со проектите.
Првиот проблем со кој се соочуваат општините и јавните претпријатија е недостатокот настручни лица кои знаат да подготват проектна документација и апликација, како и да го водатпроцесот од идеја до изградба и ефикасно управување со процесите во пречистителнитестаници. Со други зборови, недостасува интерес и знаење.
Како една од ретките сериозни можности за излегување од крајно неповолната ситуација епрограмата за пречистителни станици на RCDN, која спроведува обуки за трите најважни сегменти од овојпроблем:
1. Oбука за градоначалниците, министерствата, директорите на јавните претпријатија, да носатодговорни одлуки, бидејќи пречистителните станици се голема инвестиција каде несмеат да се дозволат никакви експерименти и импровизации
2. Oбука за инженери и менаџери за тоа што се е потребно за подготовка, пишување на проект и апликацијата и управување со процесот на изработка на документацијата
3. Обука за персоналот во постоечките станици, за надградба на знаења и вештини изголемување на ефикасноста на работењето на станиците и нивното одржување, како инамалување на трошоците за третман на отпадните води.
a
Повеќе детали за програмата за обуки и каде да се пријавите за истите можете да дознаете на линкот.
Доколку јавноста биде гласна и побара решение, локалните власти и јавните претпријатија ќе мораат да реагираат на овој огромен и опасен проблем.
За да не се исклучуваат станиците со цел да не трошат струја, туку истите да работат ефикасно и со пониски трошоци.
За сите населени места да добијат пречистителни станици и незагадена вода.
За сигурна и безбедна животна средина.
Ова се проблеми кои мора да ги решаваме денес, зошто утре ќе биде доцна. Времето истекува...
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа