Правеле „парче“ по куќи - тинејџери завршија зад решетки

 

Вчера (31 јануари) околу 19.20 часот на улица „18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово – ОВР Гостивар го лишиле од слобода 18-годишниот И.С. од гостиварско Страјане, а во 21 часот и 30 минути во гостиварско Падалиште го лишиле од слобода и 18-годишниот К.С. од ова село.

Двајцата се сомничат дека во текот на минатиот месец на гостиварското подрачје извршиле кражби во куќи, локали и моторни возила. Тие се задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.    

01.02.2024 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега