Пратениците на Левицата со нова кривична пријава против Талат Џафери

 

Пратениците на Левицата, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, до Основното јавно обвинителство – Скопје, денес поднесоа заедничка кривична пријава против претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, поради основано сомневање за сторено кривично дело несовесно работење во службата, казниво по чл. 353-в од Кривичниот законик, со запретена затворска казна до три години.

„Пријавата, која е деветта по ред против беззаконието и силеџиството на овој амнестиран терорист, е поднесена поради пропуштање должен надзор и злонамерно несовесно постапување во случаите со шверцуваните пет закони за ‘Бехтел и Енка’ (Законот за стратешкиот партнер за коридорите 8 и 10-д + Законот за урбанистичкото планирање + Законот за градењето + Законот за експропријацијата + Законот за работните односи), кои спротивно на сите деловнички правила беа пуштени со европско знаменце, без пополнета кореспондентна табела и без потпис од надлежните министри“, велат од партијата Левица.

Пријавениот бил должен да ѝ ги врати на Владата како предлагач, со барање за усогласување со одредбите од Деловникот, а не го сторил тоа поради што го довел парламентот во заблуда и ги повредил загарантираните уставни права на пратениците за што подлежи на кривично-правен прогон по службена должност“, се наведува во соопштението на Левицата.

Од партијата известуваат дека правниот тим на Левицата подготвува уште најмалку две кривични пријави против Џафери за разни кривични дела против службената положба и овластувањето, а нивното процесирање, велат, ќе биде услов на партијата за учество во која било идна влада на Република Македонија.

25.01.2024 - 15:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега