Пратениците го донесоа Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик
Собранието денеска, во рамки на продолжението на 99. седница, го донесе Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, предложен од Владата.
Изгласан беше и Законот за ратификација на Договорот помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за оперативните активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија
Пратениците ја усвоија и Одлуката за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина (мај 2023 година до ноември 2023 година).
На седницата поддршка добија и три барања за давање автентично толкување - на член 230 став (1) од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, на член 128 од Законот за работните односи, како и на членовите 22, 26 и 31 од Законот за урбанистичко планирање.
Претседателот на Собранието Талат Џафери тука ја прекина седницата и рече дека пратениците за нејзиното продолжемние ќе бидат дополнително известени.
Во тек е продолжението на 84. седница.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа