Познатиот српски пејач хоспитализиран: Во болница влегол виткајќи се од болка

 

Аца Лукас повторно има здравствени проблеми. Популарниот музичар прво почувствувал силна болка во стомакот. Бидејќи болките не престанувале, Лукас побарал лекарска помош.

Веднаш бил примен во Клиничкиот центар, а лекарите детално го прегледале и му ги направиле сите анализи.

-Аца е работохолик и не престанува со месеци. Работеше со полна пареа. Поради тоа не се грижел за исхраната, не спиел правилно, а сето тоа влијаело на неговото здравје. Во неделата почувствувал силна болка во стомакот, поради што морал да побара лекарска помош. Кога го виделе истоштен и наведнат од болки, веднаш го примиле како итен случај. По прегледот докторите решиле да го задржат во болница, вели извор од местото на настанот.

Штом закрепне, музичарот ќе ги продолжи подготовките за претстојниот концерт во Старк Арена на 3-ти ноември.

10.10.2022 - 14:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега