Познати имињата на уапсените за перење пари во истрагата за Скопје 2014

 

Во голема полициска акција уапсени се поранешниот градоначалник на Центар, и сопстевник на маркетите Тинекс, Владимир Тодоровиќ, а заедно со него од слобода се лишени и задржани во полициска станица Владимир Здравев, поранешниот претседател на Советот на општина Центар, потоа Љупчо Бакев, Тодор Делјановски и Игор Секуловски.

Се трага по Александар Здравев и Златко Панов, кои се недостапни за полицијата, пренесува Телма. Сите се гонат за злоупотреба на службена положба и перење пари за истрагата за Скопје 2014-та и случајот Око почнат од СЈО.

Тодоровиќ бил приведен на скопскиот аердром синоќа по слетувањето на авионот од Загреб. Со истрагата се опфатени 15 луѓе, меѓу нив поранешниот премиер и азилант Никола Груевски, како и поранешен министер за култура и за финаснии и двајца градоначалници на Центар.

30.06.2023 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега