Позната водителка му е поранешна сопруга на актерот Марко Живиќ - скршена од болка поради неговата смрт

Водителката Наташа Павловиќ беше во брак со актерот Марко Живиќ 4 години, а веста за неговата смрт ја шокирала.

Марко Живиќ почина вчера после борбата со коронавирусот на 49-годишна возраст, а неговата поранешна сопруга е скршена од болка.

-Марко починал? Извинете во шок сум, не можам сега да зборувам, рекла таа за медиумите.

Тие двајца и после разводот биле во контакт, а и самиот Живиќ го потврдил тоа:

-Немам замерки за својот емотивен живот. Многу сум задоволен и мирен. Што се однесува до Наташа, неодамна ѝ го честитав раѓањето на второто дете. Наташа и јас бевме пријатели додека бевме во врска, а тоа останавме и после разводот. Се слушаме за празници. Кога ќе се сретнеме убаво разговараме. Мислам дека тоа е нормално. Можеби некои туѓи искуства се трауматични, моето не е - раскажал Марко во една прилика.

15.10.2021 - 08:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа