Познат најверојатниот наследник на Пригожин во Вагнер

 

Се појавија гласини за наследникот на Евгениј Пригожин. Стануза збор за генерал мајор Андреј Аверјанов, шеф на единицата за тајни операции во руската Генерална разузнавачка дирекција ГРУ, изјавува за Скај Њус, аналитичарот за безбедност Мајкл Кларк.

Меѓудругото тој зборува и за идните планови на групата. Како што рече, платеничката група на Евгениј Пригожин се распаѓа во Украина и други делови на Европа, но Владимир Путин можеби има планови за групата во Африка.

„Африканскиот дел од Вагнер речиси сигурно ќе остане таму каде што е бидејќи му служи за  целта на претседателот Путин за Русија”, вели аналитичарот за безбедност и одбрана на Скај њус, Мајкл Кларк.

Гласините што се појавија е дека генерал мајор Андреј Аверјанов, шеф на единицата за тајни операции во руската Генерална разузнавачка дирекција ГРУ, може да биде подготвен да ја преземе функцијата. Кларк тврди дека Аверјанов инаку се занимава со руски „валкан бизнис”, и е поврзан со труењето на шпионот Александар Литвиненко.

25.08.2023 - 22:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега