Пожарот во „Барон“ е подметнат: ОЈО проверува дали има поврзаност со вчерашното убиство во Блаце

Првичните сознанија од увидот од пожарот во кафулето „Барон“ во Чаир покажуваат дека тој е подметнат. Јавното обвинителство соопшти дека обезбедени се снимки од видео надзор, а се преворува и дали пожарот е поврзан со вчерашното убиство на патот Горно Блаце - Долно Блаце каде во автомобил беше пронајден 56-годишник со прострелни рани.

-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во близина на Блаце, каде беше пронајдено безживотно тело на маж со прострелни рани.При увидот подигнати се траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот, а јавниот обвинител даде насоки да се извршат проверки и да се преземат дејствија за обезбедување на докази. Во однос на пожар во угостителски објект во Чаир, увид извршила увидна екипа на МВР. Подигнати се траги од лице место, обезбедени се снимки од видео надзор. Според првичните сознанија, пожарот е подметнат. Се постапува за откривање на сторителите и за проверка на евентуална поврзаност на двата настани, велат од ОЈО.

27.02.2024 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега