Пожар во гаража, загина битолчанец

 

75-годишен битолчанец загина во пожар во гаража од куќа.

-Вчера околу 06.00 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул„Стрежево“ во населба Горно Оризари настанал пожар во гаража од куќа, сопственост на Б.Ц.(75) од Битола. Во пожарот, од здобиените повреди починал сопственикот Б.Ц., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола, додека неговата сопруга М.Ц. била пренесена во Општа болница Битола каде било констатирано труење со јаглерод моноксид, велат од МВР.

Увид на местoо извршиле екипа на СВР Битола и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

29.12.2023 - 16:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега