Пожар во болница во западна Германија, има повредени

 

 

Во пожарот во болница во западна Германија, што се случи вчера доцна вечерта, повредени се 28 лица, од кои пет потешко, соопшти локалната полиција, а пренесува агенцијата „Дпа“.

Пожарот избувнал во соба за пациенти во болница во Хемер, град на 30-ина километри југоисточно од Дортмунд.

„Персоналот бргу почна да ги евакуира другите пациенти од болницата“, изјави портпаролката на полицијата.

Од чадот имало и повредени лица, од нив пет потешко, но според првичните сознанија, тие немаат изгореници. Четири посериозно повредени лица се префрлени на лекување во други болници, а едно е згрижено на одделението за интензивна нега, изјави портпаролот на пожарникарите.

Меѓу повредените има пациенти и вработени. Делот од зградата каде што избувна пожарот повеќе не е употреблив, изјави портпаролката на полицијата. Истрагата за причините за пожарот ја презеле локалните полициски детективи.

04.08.2023 - 21:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега