Повторно гори депонијата Острец во Делчево


Повторно гори градската депонија Острец во Делчево. Пожарот е пријавен до ТППЕ Делчево од каде информираат дека нивни екипи веќе се упатени на терен по што ќе пристапат кон нејзино гаснење.

-Ова е чест проблем во летните месеци и затоа секогаш апелираме до граѓаните да се пријавуваат ваквите појави. Наша екипа е на терен и се надеваме ќе имаме брза реакција да не дојде до пожар од посериозни размери, информираа од ТППЕ Делчево.

Од Јавното комунално претпријатие ,,Брегалница" додадоа дека поради честото проблем депонијата периодично се затрупува со земја, но се случува повторно од стакленичките гасови и други причини повторно да дојде до нејзино палење.

Апелираа на одговорно однесување на граѓаните и одбегнување палење на стрништа во близина на депонијата.

05.09.2024 - 16:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега