Повторно активен пожарот кај с.Ваксинце - се движи кон складот за течно гориво на Макпетрол

 

Повторно реактивиран пожарот кој се гасеше во раните утрински часови во село Ваксинце, Општина Липково, кај Месноста Врело, каде што се стационирани укопаните резервоари за течно гориво на А.Д. Макпетрол, соопштија од Центарот за управување со кризи.

Имено, овој дел гореше и беше гаснет пред десеттина дена, кога екипите на ТППЕ Куманово го изгасија и не дозволија негово проширување.

„Денес, во раните утрински часови повторно таму каде што беше пресечен претходно со гаснење, повторно беше запален, но брзо и професионално од страна на ТППЕ Куманово дејствувано и изгасено до 12:00 часот. За чудо во 18.30 часот, пожарот избувнал по третпат и во овој момент правецот на пожарот се движи кон складот за течно гориво Врело на Макпетрол“, изјави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Екипите на ТППЕ Куманово се повторно на терен во с.Ваксинце и храбро се борат за да спречат загрозување на објекти, живот и здравје на тамошните жители.

05.09.2023 - 19:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега