Повредени двајца полицајци во сообраќајка на автопатот Скопје- Куманово

Вчера во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-  Куманово, во близина на клучката „Илинден“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со словенечки национални ознаки, управувано од С.Ш.(78) од Куманово и патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР.

Во несреќата со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

02.07.2024 - 16:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега