Повисоки плати за администрацијата во Бутел: уште со јануарската плата вработените ќе добијат покачување од 3.000 денари
Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски на својот Фејсбук профил соопшти дека е потпишан договор со Синдикатот кој овозможува покачување на платите на административните службеници од општина Бутел за 3000 денари.
„Уште со јануарската плата вработените ќе добијат покачување од 3.000 денари. Со овие мерки правиме напори за подобрување на условите за работа на администрацијата. Очекувам и натаму ефикасно и ефективно да ја извршуваат својата работа, исклучиво во насока на интересите на граѓаните. Успешна општина значи задоволни граѓани кои добиваат брза и ефикасна услуга, а тоа е возможно само ако имаме задоволни и мотивирани вработени“, напиша Костовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа