Потпишана дозвола за изградба на 17 катница кај Воена Болница: Левица повикува на протест

Градоначалникот на општина Карпош Стевче Јакимовски ја потпишал дозволата за изградба на 17-катница за 2.000 жители среде болничкиот комплекс на Воена болница во Скопје, веднаш до бензинската пумпа на „Макпетрол“.

Се работи за местото помеѓу бензинската Макпетрол и болницата Жан Митрев“, каде според планот ќе се гради 60 метарска градба, што ќе предизвика дополнителен хаос во функционирањето на населението.

Дозволата од вчера, 1 февруари, е правосилна и градежникот „ЗСФ Ком“ веќе на терен се подготвува за почеток на градба.

Експерти запознаени со ова проблематика велат дека во близина на болницата не треба да има високи објекти зошто нема да има простор за пристап на хеликоптери до болничкиот комплекс, а тука посебна тежина се дава на оваа болница зошто е одредена како Единица за прва реакција за НАТО силите во Косово.

Партијата Левици ги повика граѓаните во сабота на 3 февруари, во 12 часот да излезат на протест против предвидената изградба на 17-катница во Карпош 2.

Во соопштението на Локалниот огранок на Левица – Карпош се вели:

Советот на Општина Карпош изгласа одлука за стопирање и ревизија на овој план, но градежните моќници останаа глуви на сите повици на Левица, граѓанските здруженија и жителите на Карпош, за прекин на активностите.  Затоа, го дигаме нашиот глас на протест оваа сабота во 12 часот, на локацијата на која веќе започнуваат градежните работи, за да им кажеме дека немададозволиме капиталот и интересите на малкумина да го уништуваат Карпош!

02.02.2024 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега