Пороен дожд и грмежи во околината на Пехчево, невремето се преместува кон Берово


УХМР соопшти дека во околината на Пехчево времето е нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Невремето се преместува кон Берово, велат од УХМР.

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на локално невреме.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
16.08.2024 - 15:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега