Поранешен претседател фалсификувал вакцинација за Ковид

 

Поранешниот претседател Жаир Болсонаро е обвинет од страна на федералната полиција на Бразил, за фалсификување податоци за неговото вакцинирање во јули 2021 година.

Локалните медиуми соопштуваат дека контролата утврдила дека во државната база на податоци стои дека тој бил вакциниран на 19 јули 2021 година во Сао Паоло.

Се утврдува дека Болсонаро во тој период не бил во тој град.

Изворите велат дека поранешниот претседател внесувал лажни податоци во евиденцијата на здравствениот систем и околу неа формирал злосторничко здружување.

Бразилскиот конгрес бара поднесување на истрага против Болсонаро за неговиот обид за државен удар.

„Тоа е селективна истрага. Мирен сум, не должам ништо. Светот знае дека не сум вакциниран“, изјави Болсонаро откако призна дека не бил вакциниран против Ковид.

19.03.2024 - 16:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега