Поплавите во Словенија се гледаат од вселената: Сателитските снимки го покажуваат размерот на катастрофата

 

Големи поплави ја погодија Словенија на крајот на минатата недела, додека во Хрватска бројни реки соборија рекорди кога станува збор за нивото на водата.

Поплавите се забележани и од вселената. Споредбата на сателитски снимки Сентинел-1 САР пред поплавите на 24 јули и на денот на највисокото ниво на водата на 5 август ги покажува размерите на катастрофата, пишува „Н1“.

Според првата проценка, поплавената површина на овој простор е околу 13 километри квадратни.

Делови од Словенија се’ уште се поплавени, а многу патишта се затворени, јави денес словенечката новинска агенција СТА.

За попладне се најавени нови врнежи со грмежи.

07.08.2023 - 18:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега