Попладне и во текот на ноќта локални врнежи од дожд

Претпладне по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла и ниска облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има услови за повремен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Утре и во среда по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Од утре попладне до четврток ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во четврток во попладневните часови ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Во петок и за време на викендот ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури.

05.12.2023 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега