Помошта не стигнува до гладните во Газа: Луѓето молат за леб и јадат магарешко месо
Луѓето во Појасот Газа велат дека молат за леб, плаќаат 50 пати повеќе од вообичаено за една конзерва грав и убиваат магариња за да ги прехранат своите семејства, бидејќи камионите со храна не можат да стигнат до повеќето делови од палестинската територија, која Израел ја бомбардира, објави Ројтерс.
Израел е решен да ја постигне својата цел да го уништи Хамас, така што конфликтот прави речиси невозможно хуманитарните конвои да стигнат до гладните луѓе, наведува Ројтерс.
Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA) денеска објави дека ограничената дистрибуција на помош се одвива во областа Рафа, во близина на границата со Египет, каде што се проценува дека има речиси половина од 2,3 милиони жители.
Во останатиот дел од Појасот Газа, дистрибуцијата на помош беше главно прекината, поради интензитетот на непријателствата и ограничувањата на движењето по главните патишта, се вели во соопштението.
Директорот на Агенцијата на ОН за палестински бегалци УНРВА, Филип Лазарини денеска изјави дека гладните луѓе ги запреле камионите со помош, земале храна и веднаш ја изеле.
Сите камиони со хуманитарна помош влегуваат во Појасот Газа преку граничниот премин Рафа со Египет, но прво ги проверува Израел.
Откако почнаа испораките на 20 октомври, се врши инспекција на преминот Никана меѓу Израел и Египет, принудувајќи ги камионите да се движат од Рафа до Никана и назад, создавајќи тесни грла.
Официјални претставници на ОН соопштија дека вчера влегле 152 камиони со хуманитарна помош во Газа, но дека тоа е само мал дел од она што е потребно за да се реши хуманитарната катастрофа што се случува во Појасот Газа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа