Помор на пингвини на бреговите на Уругвај: Пронајдени мртви над 2000 единки

 

Околу 2.000 мртви пингвини се пронајдени на источниот брег на Уругвај во последните десет дена, соопштија уругвајските власти.

Причините за катастрофалниот помор се уште не се познати, но тестовите покажале дека пингвините не биле заболени од птичји грип.

Магеланските пингвини, вид кој ја населува Јужна Америка, умреле во Атлантскиот Океан поо што водните струи ги однеле на копното. Од нив 90 отсто биле помлади единки, без масни наслаги и со празен стомак.

Еколошките активисти ја препишуваат смртта на пингвините на прекумерен и нелегален риболов.

22.07.2023 - 18:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега