Полска ѝ предаде на Украина 10 ловци МиГ-29

 

Полска и ги испорача речиси сите ловци МиГ-29 на Украина, изјави полскиот претседател Анджеј Дуда.

Говорејќи пред новинарите во главниот град на Исланд, Рејкјавик, каде што се одржува Самит на Советот на Европа, Дуда рече: „Ние сме во авангардата на земји, по САД и Велика Британија, кога станува збор за трансфер на оружје во Украина.“

Полскиот министер за одбрана, Мариуш Блашчак, минатата недела рече дека Полска е подготвена да  ги предаде 10-те ловци МиГ-29 на Украина.

Во април Полска и Словачка станаа први западни земји што објавија трансфер на 41 МиГ-29 во Украина. Словачка прати 13 авиони, од кои четири се во оперативна состојба. Некои од овие авиони ќе се користеле за резервни делови. Авионите биле користени од Украинските воздухопловни сили пред почетокот на конфликтот.

18.05.2023 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега