Полицијата вршеше претрес на концерт во Охрид: Пронајдена дрога кај три лица

Вчера околу 22 часот, за време на музички концерт на отворен простор на улицата „Кленоец“ во Охрид, полициски инспектори од одделението за недозволена трговија со дрога и униформирани полициски службеници од СВР Охрид, при извршени прегледи, кај А.Д.(20) и А.Ј.(21), двете од Тетово, пронајдоа и одзедоа опојна дрога Марихуана, додека кај Н.Г.(33) од Струга, пронајдоа бела прашкаста материја.

Против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

01.08.2024 - 13:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега