Полицијата изврши службен разговор со 30-годишник кој ограбил бензиска пумпа
На 09.10.2023 полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Чаир извршиле службен разговор со А.А.(30) од Скопје. Тој се сомничи дека на 08.10.2023 со закана кон вработен на бензинска пумпа во Скопје одзел пари. Во службениот разговор, тој го признал делото, соопштија од МВР.
По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното јавно обвинителство.
10.10.2023 - 16:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа