Полиција повикана во домот на Ријана откако непознат маж се обидел да ја побара за жена
Полицијата била повикана во домот на Ријана во четвртокот откако во куќата дошол маж со намера да ја побара пејачката за жена.
Човекот, чиј идентитет не се открива, допатувал од Јужна Каролина во Лос Анџелес и стигнал до куќата на музичарката, но веднаш бил запрен од нејзиниот тим за обезбедување, дознава ТМЗ.
Откога им кажал за своите намери, персоналот повикал полиција. Полицајците му ставиле лисици на човекот, го ставиле во нивното службено возило и имале сериозен разговор за неговите намери, пренесува интернет-таблоидот.
Утврдено било дека човекот не прекршил никаков закон, но од него било побарано да замине и му било кажано да не се враќа.
Не е јасно дали бремената Ријана, која има 10-месечен син со партнерот Асап Роки, била дома во тоа време.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа