Полицајците во акција: Казни за скоро 260 возачи

 

Полицајците во текот на вчерашниот ден извршиле голема акција низ цела држава, при што казниле скоро 260 возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописи.

„Во текот на вчерашниот ден (07.11.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 259 возачи. Од нив 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 129 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 130 надвор од населено место“, изјавија од МВР за „Прес24“.

 

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, порачаа надлежните власти.

 

08.11.2023 - 09:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега