Полицајците вчера „ловеа“ пешаци: 163 поминале надвор од пешачки премни
Казнети се 188 пешаци во текот на вчерашниот ден во периодот од 09.00 до 14.00 часот во спроведената сообраќајна контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците, соопштија денеска од МВР.
При контролата, санкционирани се 188 пешаци од кои, 163 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин... За време на контролата санкционирани се и 98 други видови на сообраќајни прекршоци.
Сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
- Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано, се додава во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа