Покрената истрага и апсења поради модна сесија во џамија во Анкара
Турските власти покренаа истрага за модна фотосесија што се оддржала во џамијата Коџаитепе во Анкара.
Во тек на истрагата се приведени две лица, директорот Б.К. и моделот Е.Ј, соопштуваат од генералното обвинителство на Анкара.
Сесијата била наречена „Магијата на спротивставените“, фотографиите биле направени и внатре и надвор од џамијата.
Режисерот споделил неколку фотографии на социјалните мрежи кои предизвикале реакции во јавноста, дел од нив поради облеката на манекенката.
Локалните медиуми соопштуваат дека истрагата од страна на главниот обвинител на Анкара е покрената поради „јавно понижување на верските вредности прифатени од дел од општеството“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа