Погба се враќа во Јувентус

Италијанските медиуми објавија денеска дека играчот за врска на Манчестер јунајтед, Пол Погба, далеку од очите на јавноста ги минал лекарските прегледи пред трансферот во Јувентус.

Погба има важечки договор со Јунајтед до 30 јуни и во Јувентус ќе дојде без обесштетување.

За Погба беа заинтересирани и Реал Мадрид, ПСЖ, Челзи и Манчестер сити, но францускиот репрезентативец одлучи кариерата да ја продолжи во клубот од Торино за кој во голема форма настапуваше од 2012 до 2016 година.

Медиумите наведуваат дека Погба ќе потпише три годишен договор, со опција за продолжување на соработка за уште една година, а ќе заработува осум милиони евра по сезона плус бонуси.

08.06.2022 - 22:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега