Подгответе се навреме: Многу скопски општини денеска без вода

 

Неколку скопски општини денеска ќе останат без вода. 

Поради промена на затварач ф 2“ на ул. „Црвена Скопска Општина“ бб, денеска без вода ќе останат корисниците од оваа улица, Министерството за транспорт и околните деловни објекти во Општина Центар. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ке биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата. 

Поради водоводен приклучок од ф 100мм на ул. „Дренак“ бр. 2а од 09:00 часот без вода ќе останат корисниците од ул. „Дренак“ и „Јужен Булевар“ во Општина Кисела Вода.

Поради дефект на улична цевка од ф 200мм на ул. „Славејко Арсов“ бр.15 од 09:00 часот без вода ќе останат корисниците од ул. „Славејко Арсов“ бр.15 во Општина Центар.

Поради водоводен приклучок од ф 100мм на ул. „Максим Горки“ бр.14 од 09:00 часот без вода ќе останат корисниците од истата улица во Општина Центар.

08.04.2025 - 08:06

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега