Подготвен нов предлог-закон за учебници

 


Министерството за образование и наука информира дека е изготвен нов предлог Закон за учебници во основното и средното образование и дека е  поставен на владиниот ЕНЕР-систем (Електронски национален регистер на прописи). Со неговото донесување ќе биде заменет актуелниот закон од 2008 година. 

-Сите заинтересирани граѓани може да дадат свој придонес во усвојувањето на најдобрата верзија што ќе биде проследена во собраниска процедура. Во предлог-законот се интегрирани сугестиите на издавачките куќи во Македонија со чии претставници раководството на МОН и на Педагошката служба имаа конструктивна работна средба, соопшти МОН. 

Оттаму посочуваат дека новиот закон треба да обезбеди изработка на учебници со поквалитетна содржина, намалување на веројатноста за појава на грешки какви што имаше досега  и да ја поедностави постапката за набавка, со цел учебниците да бидат навремено испорачани во училиштата. 

31.10.2024 - 10:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега