Почнува постапката за прераспределба на рамковните административци во 237 институции

Почна постапката за прераспределба на 1349 рамковни административци во 237 институции, информираше на денешната прес-конференција првиот вицепремиер Артан Груби. Тој очекува од 1 февруари да почнат со работа. 

– Владата го одобри планот за трансфер на административните службеници. 1349 службеници, пред се економсти, павници, но и со средно образование ќе бидат сместени во 237 институци, органи на државната и локалната самоуправа. Освен Албанци, меѓу административците има и Македонци, Роми, Турци, Срби, Бошњаци. Трансферот се врши преку систематизација на работникот, на работното место на исто ниво соодветно на работното место за кое работникот ги исполнува условите утврдени со планот за ситематизација. Според планот за распределба, институциите ја одобруваат одлуката за ситематизација, а раководителите треба за 30 дена да почнат постапка за усогласување на актите. Министерството за финансии даде целосна согласност за планот, а МИОА е должно да даде согласност во рок од 7 дена. Органите на државната администрација се должни да им овозможат стручна обука на рамковните – изјави Груби.

Согласно планот што го усвои Владата службениците нема да имаат опција да бираат во која институција ќе работат, како што претходно беше најавено. Груби уверува дека листата е прочистена од оние лица кои се надвор од државата. Со дел биле раскинати договорите, дел сами си дале отказ. 

Најголем дел од овие службеници се економисти и правници, но и со средно образование, па институциите што ќе ги примат се должни да ги обучат за работа. 

Сепак, поради Законот за заштита на личните податоци јавноста, барем засега, нема да има увид кој службеник каде ќе биде прераспределен. Списокот треба да се прочисти и можно е да бидат објавени нивните имиња, струка и степенот на завршено образование. 

Меѓу институциите каде ќе бидат трансферирани рамковно вработените се Агенција за вработување - 20, Агенција за заштита на лични податоци - 30, Агенција за катастар - 39, Агенција за храна и ветеринарство - 10, Влада - Служба за општи и зааеднишки работи - 12, Дирекција за заштита и спасување - 10, Државен архив - 12, Државен инспекторат за труд - 13, Државен пазарен инспекторат - 35, Министерство за информатичко општество - 11, Министерство за надворешни работи - 26, Министерство за образование - 11, Управа за водење на матични книги - 41, Царинска управа - 74, Освен суд - Тетово - 10, Основно јавно обвинителство - Тетово - 10. 

Рамковно вработените повеќе од 10 години не одеа на работа, а земаа плата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2021 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега