Почна лидерската средба
Започна лидерската средба којашто се одржува на покана на претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, во Собранието.
На средбата присуствуваат претседателот на Собранието, Талат Џафери и претседатели на политички партии застапени во Парламентот.
Тема на средбата се актуелни политички прашања од значење за претстојните редовни претседателски и парламентарни избори, како и од важност за европските перспективи на Република Северна Македонија.
Премиерот Ковачевски очекува одговорен пристап од сите политички лидери и субјекти и заеднички политички одлуки, коишто се од суштинска важност за сегашноста и иднината на граѓаните, а коишто се очекување и на граѓаните на Република Северна Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа