Почина телохранителот на Тачи во Скопје - семејството бара истрага

Во понеделникот во болница во Скопје починал Илир Ќалапеку, телохранителот на поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи.

Соопштено е дека тој починал од срцев удар, но членовите на неговото семејство се сомневаат дека неговата смрт можеби дошла од човечка рака, објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.

Членовите на неговото семејство го пријавиле случајот и во косовската полиција.

Телото на починатиот е испратено на обдукција во Институтот за судска медицина, бидејќи, како што пренесуваат косовските медиуми, членовите на семејството на Ќалапеку побарале да се изврши обдукцијата.

Медиумите дознаваат дека неговиот брат Ганиу ги пријавил овие сомнежи во полиција.

Тој изјавил дека не се сомнева во болницата во Скопје, но сака да ги знае точните причини поради кои дошло до срцев удар.

 

– Ганиу тврди дека неговиот брат претходно немал здравствени проблеми, па затоа се сомнева дека тоа би можело да биде од човечка рака“, изјавил за косовските медиуми извор близок до семејството.

08.11.2023 - 12:01
Фото: 
ИНА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега