Почина градежен работник, откако паднал додека изведувал градежни работи
На 06.11.2023 година во 10.38 часот, во СВР Охрид пријавено е дека, И.Х.(59) од охридското село Лескоец, кој изведувал градежни работи на куќа во охридското село Рамне, паднал и починал.
Увид на местото на настанот извршија полициски екипи а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во одделот за судска медицина при Општата болница во Битола каде, е извршена обдукција.
07.11.2023 - 16:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа