По сметките за бифтеците, Маричиќ ги избегнува ручеците: Инсистирам на кратки средби

 

Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања, во интервјуто за „Макфакс“ зборуваше и за гоштавањата на државна сметка. Трошењата ги правдаше со ручеци со странци, а на укажувањето дека Европејците ги претставува како ненајадени, тој имаше свое објаснување.

„Дури со амбасадорите сега инсистирам да бидат скратени средби и ретко се случуваат тие ручеци – кога се најнеопходни. Некои од тие ручеци во последно време сум ги платил и од сопствен џеб“, посочи Маричиќ.

„Не велам дека е нормално да се јаде на државна сметка. Но, ако во една година сте имале посета на претседател на Европскиот суд за човекови права, и тоа прва по 20 години, три дена, и сте биле домаќин – дел од програмата е да ги однесете гостите од странство на ручек. Друг пример, имало министри за правда што доаѓале – сме ги однеле на вечера на разни места“, вели Маричиќ.

При анализата на извештаите не секогаш се гледаше гоштавање на државна сметка со странска делегација, на што Маричиќ даде свое видување.

„При гостувањето на двајца министри за европски прашања, на Ирска и Данска или Естонија, сме испиле неколку кафиња, а тие нешто јаделе“, рече Маричиќ.

Маричиќ даде одговор и на прашањето која е разликата помеѓу актуелната Влада и владата на ВМРО-ДПМНЕ, која исто така трошеше од државната сметка за јадење и пиење.

„Најслатка е храната што ја готвам во домашни услови со блиските. Никогаш не ми била слатка храна на туѓа сметка, а особено не на државна. На тоа сум гледал како на дел од работата“, одговара Маричиќ на прашањето дали е послатка храната купена од државна сметка.

 

24.02.2023 - 19:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега