По седум години, повторно отворени вратите на етнокомплексот „Македонско село“

 


По седум години, денес се отвори етнокомплексот „Македонско село“. Премиерот Христијан Мицкоски рече дека Скопје добива уште едно туристичко место, со убав поглед и преубави соби и апртмани.

„За мене, претставува задоволство што уште еден заборавен, запуштен и би рекол полууништен објект се става во функција, тоа е овој комплекс наречен ‘Македонско село’. Благодарност до инвеститорите, до концесионерите, кои се охрабрија да инвестираат и им да понудат и на Скопје и на сите оние што ќе го посетуваат Скопје уште едно туристичко, алтернативно и би рекол ултраквалитетно место, каде што може да се ужива во преубав поглед, во преубави соби, апартмани и сигурен сум и во превкусна храна, така што јас би им посакал многу среќа во работата, се разбира“, рече Мицкоски.

Тој ги повика сите оние што не го посетиле „Македонско село“ да дојдат во посета.

„И, се разбира, во периодот што следува да се погрижиме сето она што, за жал, изминативе седум години беше заборавено, уништено, девастирано, полека, но сигурно го обновуваме и повторно му го враќаме сјајот и го ставаме во функција, едно по едно, во зависност од приоритетите и можностите“, рече Мицкоски.

19.06.2025 - 13:19

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега